Свет

Eден од најбогатите полски државјани пронајден мртов во шума

Eден од најбогатите полски државјани пронајден мртов во шума
xr:d:DAD-NRMDH4c:20731,j:2504403643747411540,t:23090808

Јержи Кржановски, еден од најбогатите полски државјани, е пронајден мртов, откако бил пријавен за исчезнат од семејната куќа.

Кржановски (54) последен пат бил виден во четвртокот наутро кога излегол од својот дом во градот Кростенки Визна на југоистокот од државата и исчезнал.

– Семејството попладнето ја известило полицијата за исчезнувањето – изјави за ТВН24 Павел Бучињски од општинскиот полициски штаб во Кросно.

Неколку десетици припадници на полицијата и спасувачката служба користеле кучиња трагачи и беспилотни летала со термални камери за време на потрагата по исчезнатиот милионер. Телото на исчезнатиот милионер е пронајдено околу 1 часот по полноќ во ноќта меѓу четвртокот и петокот во шумата на неколку стотини метри од неговата семејна куќа.

– Потрагата беше комплицирана бидејќи најмногу се одвиваше на простор густо покриен со грмушки и висока трева – рече Бучињски.

Според Газета, причината за смртта сè уште не е објавена.

Браќата Јержи и Адам Кржановски во 1992 година ја основаа компанијата „Нови Стил“, која на крајот стана еден од најголемите европски производители на канцелариски мебел.

Меѓу другото, „Нови Стил“ произведе седишта за стадионите на Светското првенство во фудбал што пред две години се одржа во Катар. Во 2023 година компанијата прослави вкупна продажба од 50 милиони столчиња, додека истата година забележа приход од 310 милиони евра.

„Нови Стил“ вработува неколку илјади работници. Богатството се проценува на 235 милиони евра. Бизнисменот во 2016 година бил обвинет за корупција, но случајот никогаш не доби правна разрешница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни