Балкан

Еден убод бил фатален: Објавена причината за смртта на грчки навивач

Еден убод бил фатален: Објавена причината за смртта на грчки навивач

Причина за смртта на 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Качурис, е една убодна рана на подлактицата, се вели во извештајот на патологот кој ја изврши обдукцијата, објави весникот Катимерини.

Според извештајот, длабок удар на подлактицата укажува дека грчкиот навивач се бранел.

Убодната рана била направена со закривен нож, при што пукнале крвните садови, што довело до неконтролирано крварење, напишал патологот во извештајот.

Се претпоставува дека младиот човек искрварил до смрт во рок од 10 минути.

Грчкиот весник објави полициски фотографии од арсеналот оружје што хрватските навивачи го однеле со себе во Атина. Станува збор за ножеви, метални и дрвени палки, остриги и димни бомби.

Во четвртокот полицијата уапси млад човек за кој се верува дека е убиецот, а тој е грчки навивач на Панатинаикос.

Од избувнувањето на нередите во Атина и убиството на навивачите, грчката полиција уапсила 104 лица, од кои 97 се хрватски државјани. Меѓу уапсените има и грчки државјани, навивачи на Панатинаикос, кои се осомничени дека ја организирале тепачката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни