Тешка несреќа во метрото на Мексико Сити. Едно лице загина, а 57 се повредени во судир на два воза.
Починатиот е млада жена, а најтешка е состојбата на еден од возачите. Четири од жртвите биле заглавени во еден од вагоните и морале да бидат извлечени од спасувачите.
Градоначалничката на мексиканската престолнина Клаудија Шејнбаум на Твитер објави дека несреќата се случила на линијата З на метрото на метрополата.
Бројни инциденти се случија во последните години во метрото во Мексико Сити. Најтешкиот од нив беше во мај 2021 година, кога се урна надвозник и пропадна една од локомотивите. 26 лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени.