Свет

Еден загинат и неколку повредени во експлозија во зграда во Охајо

Еден загинат и неколку повредени во експлозија во зграда во Охајо

Во експлозија на приземје на станбена зграда во градот Јангстаун во сојузната држава Охајо, загинал банкар, неколку лица се повредени, а едно лице е во критична состојба.

Полицијата и службениците за итни случаи првично веруваа дека природен гас е причина за експлозијата, но шефот на противпожарната служба подоцна рече дека причината се уште е под истрага, пренесува АП.

Експлозијата се случила во вторникот околу 14:45 часот по локално време, при што дел од приземјето се срушило во подрумот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни