Македонија

Едмонд Адеми во #10МИНУТИ: Ќе се олесни постапката за издавање на документи

ТВ21: Кои се барањата на дијаспората, што најмногу ги загрижува?

-Главно маките горе-долу се истите, од аспект на тоа за добивањето на потребните документи, лични карти и пасоши, преку амбасадите, процедура која во минатото траеше многу долго. Во тој правец формиравме работна група – МНР и МВР како и мојот кабинет, за да најдеме подобар модалитет за олеснување. Од следната година ќе можеме да инсталираме барем во неколку амбасади каде има поголема дијаспора, технолошки информатички систем како што е оној на МВР кога одиме да вадиме документи. Второто барање – наставници на мајчин јазик за деца, бројка која ја зголемивме од 11 на 15 наставници и во 2020 година ќе испратиме уште тројца наставници“, рече Адеми во #10МИНУТИ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни