Осама Муадини работи во јавна администрација од 2008. Иако работи повеќе од една деценија и има висока стручна спрема, Осама од почетокот до денеска е со назив “помлад соработник“.
„Голем број административци не се унапредени, причина е една одлука на Владата од 2008 да нема унапредување на административците поради економски мерки“, вели Осама Муадини, Државен службеник.
Но овие пречки за унапредување актуелниот владин состав се обидува да ги реши пред да се оди на избори, со усвојување на законот за административни службеници. Овој закон предвидува доколку еден референт додека бил вработен завршил факултет, да се унапреди во помлад соработник, со што добива повисока плата. Но Осама е скептик дека и овој закон ќе ги реши неговите проблеми.
„Законот не ги исплнува барањата и потребите на административците, посебно делот каде ќе имаат придобивки само дел од административците, односно административците кои работеле со средно училиште и во меѓувреме завршиле факултет. Овде се става акцент кај државните службеници кои се нарекуваат нови соработници“, додава Муадини.
Итно решение не очекува ниту претседателот на Синдикатот на административците, Пеце Груевски. Тој во една изјава за ТВ21рече дека барање за унапредување на административците може да има 3 месеци по усвојување на законот, но надлежните институции имаат рок унапредувањето но и компензацијата за завршеното образование да го реализираат во рок од 4 недели.
Административците побарале и надомест за патни трошоци, меѓутоа ова како што објасни претседателот на Синдикатот не може да се реализира и не е предвидено ниту со колективниот договор, бидејќи како што рече, административците кога аплицирале за работа, знаеле каде ќе работат и затоа нема основа да им се компензираат патните трошоци. Од друга страна, ние побаравме информација од Министерството за информатичко општество и администрација за да дознаеме колку ќе придобијат административците од спроведувањето на новиот закон, но од таму се уште нема одговор. Не се знае и колку средства се предвидени со буџетот за 2020 за спроведување на овој закон, поради што не можеме да имаме проценка за економскиот ефект од овој закон. До тогаш, партите на власт, ДУИ и СДСМ продолжуваат да го оценуваат законот како “исправање на неправдата кон административците“.