Една година од трагедијата што засекогаш ги згасна животите на 9 млади лица кај Младеновац и Смедерево

Нешто помалку од 40 часа по невидената трагедија во центарот на Белград во училиштето „Владислав Рибникар“, на место оддалечено 60 километри, во селата кај Младеновац и Смедерево, на 4 мај пред една година, се случи уште еден масакр во кој девет лица загинаа, а 12 беа ранети, главно млади луѓе.

Две жртви на Урош Блажиќ биле малолетни.

Најмладиот имал 14, а најстариот 25 години. Некои од ранетите се уште не се целосно закрепнати, а еден од нив претрпел трајни последици – квадриплегија и останал целосно неподвижен.

Годишнната комеморација на жртвите од масовното убиство што се случи ноќта меѓу 4 и 5 мај во селата Мало Орашје кај Младеновац и Дубон кај Смедерево се одржа во саботата на 27 април.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното