Македонија

ЕК чека да завршат консултациите во Македонија – Писонеро: Македонија суверено ќе одлучи за францускиот предлог

ЕК чека да завршат консултациите во Македонија – Писонеро: Македонија суверено ќе одлучи за францускиот предлог

Европската комисија го следи процесот во Македонија за францускиот предлог за преговарачката рамка, изјави портпаролката за проширување на Комисијата Ана Писонеро.

Таа посочи дека тие следат дека во моментот траат консултациите а дека одлуката дали ќе се почнат преговорите е суверено право на Македонија.

„По испраќањето на ревидираниот француски предлог, видовте дека премиерот Ковачевски најави широк процес на консултации со сите релевантни чинители. Овој консултативен процес е во тек и се разбира одлуката за овој ревидиран предлог е суверена одлука на Северна Македонија, одблиску ги следиме настаните и дебатите кои се одвиваат“, вели Ана Писонеро.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни