Екс партнерката на Илон Маск шокира со изјавите: Ќе направам „лезбејска комуна“ во вселената

Канадската поп пејачка Клер Елис Буше, позната како Грајмс, планира да замине во вселената и да стане лезбејка.

По тешката разделба со еден од најбогатите лица на светот, Илон Маск со кого има и едногодишен син, сега таа се пошегува дека „ќе ја колонизира Европа (една од месечините на Јупитер) за лезбејска вселенска комуна, одделно од својот екс партнер Маск“.

Со ова, се чини дека таа успеа на шега да одговори на договорот на компанијата „SpaceX“ со НАСА, кој е вреден 178 милиони договор, и што им што им помогна да стигнат до Јупитеровата месечина Европа (засега, само со беспилотно летало), во обид да дознаат дали таму има живот или не.

Минатата седмица беше објавено дека двојката ја прекинала три годишната врска, додека пак нејзиниот поранешен партнер тогаш истакна дека тие се уште се сакаат и често ќе се гледаат.

„Имаме одличен однос“, додаде Маск.