Екс задругарка заврши во болница – еве што и се случило

Поранешната учесничка во Задруга, Сања Станковиќ на Инстаграм сподели фотографија од болница каде прима инфузија и со тоа ги загрижи своите обожаватели.

Таа набрзо објасни за приказната што и се случило и како се чувствува сега откако се влошила здравствената состојба.

„И така од синоќа до сега. Внимавајте што јадете“ – напиша Сања, која потоа објасни дека е затруена од храна.

„Малку ми е подобро. Испив лекови и примив не знам колку инфузии. Кога се враќав од Сараево застанавме да јадеме и таму јадев нешто што не ми делуваше добро. Еднај стигнав до болница, тука ме примија. Колабирав и паднав во несвест, имам и температура“, додава таа.