ЕКСКЛУЗИВНО Претседателката помилува 10 осуденици за Нова година: Кој доби намалување на казните?

Претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, донесе Одлука за помилување на осудени лица по повод Новата 2026 година. Со оваа одлука во која увид имаше 4NEWS.mk, делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор вкупно 10 лица.

​Одлуката е потпишана на 30 декември 2025 година, а стапува на сила со денот на донесувањето.

Се вчитува...

Најголемо намалување за две осуденички

Најголемо намалување на казните, во траење од 2 години, добија две жени:

  • Фекрије Афет Исмаили од Скопје.
  • Стојова Драги Анита од Тетово.

Останати помилувани лица:

Со одлуката опфатени се и следните осуденици со намалување на казните од 4 месеци до 1 година:

  • Намалување од 1 година:
    • ​Петре Димче Ѓорев од Велес.
    • ​Кирил Ристо Марковски од Битола.
  • Намалување од 6 месеци:
    • ​Абдуриман Асан Мамуд од Штип.
    • ​Бојан Миодраг Готиќ од Валандово (с. Марвинци).
    • ​Ристо Милан Клисаров од Скопје.
  • Намалување од 4 месеци:
    • ​Далибор Бобан Додевски од Куманово.
    • ​Андреа Костадин Крстовски од Тетово.
    • ​Славчо Валентин Бојковски од Охрид.

Ова е традиционално помилување од страна на претседателот на државата.