Македонија

Eксплодира бојлер во градинка во Кавадарци, нема повредени

Во градинка во Кавадарци синоќа експлодирал бојлер. Нема повредени, потврдија за МИА од Теритиријалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Ни трага од бојлерчето по експлозијата, само грејачите беа останати. Мијалникот беше сокршен, плочките одоколу одлепени. Вратата која била отворена, ја најдовме изгорена. Таму, но и во ходниците имаше поголемо количество чад, појаснија од противпожарната единица.

Пожарот прво бил забележан од обезбедувањето на градинката кое вршело патрола.

– Нивната навремена дојава и нашата навремена интервенција спречија поголема трагедија, рекоа од противпожарната служба.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни