Свет

Експлодирал резервоар во Јужна Кореја, има загинати

Експлодирал резервоар во Јужна Кореја, има загинати

Едно лице загина, а друго е тешко повредено по експлозија на резервоар со нафта во Улсан, Јужна Кореја, соопштија денеска официјални лица.

Резервоарот бил зафатен од голем пожар и се ширел густ црн чад, пренесува агенцијата Јонхап.

Експлозијата се случила околу 11:15 часот по локално време во градот кој се наоѓа на 310 километри југоисточно од Сеул, пренесува Танјуг.

Привремениот претседател на Јужна Кореја Чои Санг Мок нареди максимални напори за гаснење на пожарот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни