Свет

Експлодираше батеријата на мобилен телефон во авионот, патниците мораа да се евакуираат

Експлодираше батеријата на мобилен телефон во авионот, патниците мораа да се евакуираат

Патниците на летот на Американ Саутвест ерлајнс денеска морале да бидат евакуирани од авионот, откако батеријата на мобилниот телефон на еден од патниците експлодирала и предизвикала пожар во седиштето, јави Си-Ен-Ен.

Боингот 737-700 бил на паркингот на меѓународниот аеродром во Денвер, а во него имало 108 патници.

Патниците во задниот дел на авионот избегале користејќи ги задните лизгалки за евакуација, додека патниците напред излегле низ вратите користејќи го мостот за качување, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Прелиминарните извештаи покажуваат дека еден патник се здобил со полесни повреди за време на евакуацијата, додека патник чиј телефон изгорел моментално се лекува од изгореници, се вели во соопштението на авиокомпанијата со седиште во Далас.

Членовите на екипажот успеале да го изгаснат пожарот на седиштето, се вели во соопштението.

Патниците на крајот успеале да стигнат до крајната дестинација Хјустон со три часа задоцнување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни