Најмалку 13 лица се повредени во експлозија во продавница на североистокот на Романија, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди, соопштија денес романските власти.
„Едно од повредените е во тешка состојба и е интубирано, додека 10 лица се свесни, но со различни повреди и изгореници. На сите им е укажана лекарска помош“, известија од итната помош, а пренесе АП.
An explosion at chain DIY store in Romania injures at least 13 people, 1 seriously#abcnewshttps://t.co/faIhk3rXHP
— shop-from-japan (@drinker46) June 7, 2024
Се наведува дека е алармирана хеликоптерската единица за итни случаи и дека на местото на несреќата се испратени две возила на брза помош и две противпожарни возила.
Во продавницата е во тек акција за пребарување и спасување.
Сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата, ниту дали повредените се клиенти или вработени.
На видеата што на мрежите ги споделија итните служби може да се види дека од експлозијата е уништен дел од фасадата на продавницата, како и куп уништени предмети во дворот пред продавницата.