Македонија

Експлозија во воена болница во САД, има загинати

Најмалку две лица загинаа откако се случи експлозија во воена болница за воени ветерани во американската сојузна држава Конектикат.

Ниту една од жртвите не била пациент во болницата, а властите наведуваат дека делот во кои се сместени болните, не е зафатен од експлозијата.

До експлозијата дошло во делот кој се користи за одржување на болничкиот комплекс во Вест Хејвен.

Локалните медиуми јавуваат дека од зградата се гледа густ дим.

.



Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни