Ем-ти-ви награди – Џастин Бибер прогласен за „Изведувач на годината“

Миленикот на женската популација, поп пејачот Џастин Бибер е прогласен за „Изведувач на годината“ на доделувањето на Ем-ти-ви музичките награди.

Примајќи ја наградата, Бибер истакна дека oвaа година не била воопшто лесна за никого поради пандемијата на коронавирус, а особено и се заблагодари на неговата сопруга, Хејли Болдвин – Бибер.

Меѓу конкурентите на Бибер за оваа награда беа и Аријана Гранде и Тејлор Свифт.

Соработката на поп пејачот со Гивеон и Даниел Цезар – „Peaches“, беше прогласена за најдобра музика во категоријата за „Поп-песна“.