Едни од најпознатите рапери Еминем и Фифти Сент повторно ќе соработуваат.
Се работи за заеднички проект, но овој пат тоа не е за музика.
Имено, Еминем ќе гостува во ТВ-серијата на Фифти – „БМФ“, што е кратенка за „Black Mafia Family“.
Тој ќе го глуми „белото момче“ Рик во една епизода од шоуто продуцирано од Фифти.
„Почестен сум и благодарен сум на мојот добар другар Еминем за поддршката на моето ново шоу „БМФ“. Не можевме да направиме шоу што се случува во Детроит без да ја вклучиме легендата Еминем, изјави 50 Сент
Рик Верш Помладиот, познат како „белото момче“, е вистинска личност. Бил соработник на ФБИ во раните тинејџерски години, но и продавач на дрога и пиштоли во Детроит. Верш бил осуден на доживотен затвор, но на крајот е пуштен на условна слобода – во јуни 2020 година, на 50-годишна возраст.
