Според министерот за енергетика Герман Галушченко, енергетската инфраструктура на Украина, која е сериозно погодена од повторените руски напади, теоретски може да биде обновена до летото, јави ДПА.
Во интервју за украинското издание на магазинот „Форбс“, министерот денеска изјави дека тоа може да се случи доколку нема повеќе напади.
Ситуацијата е тешка во моментов, рече тој. „Во Киев, каде што работите се најкомплицирани, ситуацијата малку се подобрува“.
Галушченко не даде детали за висината на штетата во главниот град или во другите делови на земјата.