Претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста во нашиот регион и во енергетскиот дел, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, во пресрет на утрешната средба во грчката метропола на премиерите на Северна Македонија и Грција.
Владина делегација од Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, утре ќе биде во еднодневна работна посета на Атина и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција Кирјакос Мицотакис, а Иконому истакна дека тие секогаш се подготвени да ги поддржат земјите од регионот.
-Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија под предусов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја има енергетски помогнато земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел, пошироко во нашиот регион, рече Иконому.