Ердоган телефонски разговарал со Столтенберг

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер. Се разговараше за апликацијата за членство во НАТО на Шведска и Финска, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

Ердоган рече дека загриженоста на Турција за безбедноста во врска со кандидатурите на Шведска и Финска е праведна и легитимна.

Се вчитува...

Ердоган истакна дека двете страни мора многу отворено и јасно да покажат дека одбиваат да го поддржат тероризмот, дека ги укинуваат санкциите против Турција, дека се подготвени да покажат сојузничка солидарност.

Столтенберг ја истакна потребата да се исполнат очекувањата на Турција, важен сојузник.