Македонија

Ерјавец: Се заблагодарувам на вашата храброст и народот во Македонија кој на референдумот со огромно мнозинство одлучи да живее евроатлантска иднина

Министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец во денешното обраќање на панел дискусијата во Комисијата за одбрана и безбедност во македонскиот Парламент истакна дека е задоволен со конечниот успех на Македонија да го надмине овој спор  во кој беше парализирана долго време и што се најде заедничко прифатливо решение.

-Оваа држава за само две години напредуваше многу брзо станувајќи пример за целиот регион. Се заблагодарувам на вашата храброст не само на вашите политички лидери, туку и на целиот народ на Македонија кој на референдумот со огромно мнозинство одлучи да живее евроатлантска иднина, да го тргнете товарот од минатото и да свртите нова страница во историјата на вашата земја. Словенија продолжува да биде голем пријател на Македонија, а членството во НАТО има голем потенцијал да ја засили нашата соработка во различни области, рече министерот Ерјавец .

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни