Естонија донираше една третина од својот воен буџет за Украина

Естонското Министерство за надворешни работи соопшти дека една третина од воениот буџет на земјата е донирана за Украина.

„Естонија донираше третина од својот воен буџет за да и помогне на Украина да ги врати суверенитетот и територијалниот интегритет“, објави естонското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Се вчитува...

Според објавата, Естонија обезбедила и помош за жртвите од војната во Украина, вклучувајќи медицинска и психолошка помош, засолниште и други основни потреби.

Под оваа објава на Твитер профилот на естонското Министерство за надворешни работи, беше вклучен графиконот на Еуромајдан Прес за земјите кои донираа трошоци за одбрана на Украина.

Табелата вклучува информации дека Украина досега добила и ќе добие 28 милијарди евра воена помош.