Вулканот Етна повторно покажува знаци на активност, при што денеска исфрли облак од пепел кој достигна височина од околу четири километри.
Поради засилената вулканска активност, италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија издаде највисоко ниво на предупредување за авијацијата.
И покрај предупредувањето, меѓународниот аеродром во Катанија засега останува отворен и авиосообраќајот продолжува да се одвива.
Етна и во текот на овој и минатиот месец предизвика прекини во авиосообраќајот, кога поради вулканската активност аеродромот во Катанија беше привремено затворен.
Со височина од околу 3.300 метри, Етна е највисокиот активен вулкан во континентална Европа.