ЕУ го зголемува притисокот врз Иран, амбасадорот повикан во Брисел

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) денес го покани иранскиот амбасадор во Европската Унија на разговор, изјави за Ројтерс функционер на ЕУ, додека неколку земји-членки ги поканија и иранските амбасадори во тие земји.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди употребата на прекумерна сила во масовните протести во Иран, истакнувајќи дека бројот на жртви е „застрашувачки“.

Порано денес, неколку земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Шпанија, Франција, Белгија и Чешка, исто така ги повикаа иранските амбасадори, како дел од поширокиот дипломатски притисок поради насилното задушување на протестите во Иран и растечките барања ЕУ да ги заостри санкциите врз Техеран.