Советот на ЕУ соопшти дека одлучил да додели 40 милиони евра за поддршка на вооружените сили на Молдавија. Помошта ќе биде искористена за обезбедување превозни средства, сајбер одбрана, беспилотни летала, телекомуникации.
Забележано е дека на крајот на минатата година ЕУ обезбедила седум милиони евра за земјава, кои биле искористени за набавка на воена медицинска опрема и за зајакнување на воено инженерските баталјони. Досега ЕУ и додели на Украина две милијарди евра од истата буџетска линија од почетокот на војната што ја започна Русија. Една четвртина од таа сума е потрошена за оружје.
На почетокот на овој месец, Европскиот совет усвои одлука со која на Украина и Молдавија им се доделува кандидатски статус за членство во ЕУ.
