Свет

ЕУ остро ја осуди одлуката на Талибанците да им забрани на жените да работат во невладини организации

ЕУ остро ја осуди одлуката на Талибанците да им забрани на жените да работат во невладини организации

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, остро ја осуди одлуката на талибанската влада во Авганистан да им забрани на жените да работат во локални и странски невладини организации. Според Борел, ова е еднакво на бришење на жените од јавниот простор, пренесе Ројтерс.

Шефот на европската дипломатија рече дека е револтиран од уште една ваква одлука на талибанците, откако претходно им забранија на жените да посетуваат универзитети, а потоа преземаа насилни акции против мирните протести на жените против забраната за студирање во високообразовните институции.

Борел ги повика талибанците веднаш да ја повлечат својата одлука, бидејќи имаат обврска да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и меѓународните хуманитарни принципи.

„ЕУ ќе мора да размисли заедно со другите земји и организации кои обезбедуваат помош за авганистанскиот народ, какви последици ќе има оваа одлука, а исто така и затворањето на универзитетите за жените, во однос на обврските на Талибанците кон нас“, рече европскиот менаџер за надворешна политика.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни