ЕУ подготвува нов пакет рестрикции за Русија. Ова го соопшти високиот европски претставник за надворешни работи, Жозеп Борел, пренесе Фигаро.
Дипломатот учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи.
Ова се случи на состанокот на Обединетите нации.
„Ќе бидат воведени дополнителни ограничувања за Русија што е можно поскоро, заедно со нашите партнери. Ќе ја продолжиме нашата поддршка за Украина“, рече Борел.
Новите ограничувања ќе бидат и лични и секторски. Во оваа фаза е донесена политичка одлука.
Беше усвоена и општа декларација. Идејата за референдуми на одредени територии се смета за нарушување на украинскиот интегритет.
Затоа ЕУ нема да се согласи на ваква одлука.