Еуген Цами вршител на должноста градоначалник, ДУИ: Бидете трпеливи до следните избори

Откако градоначалникот Ружди Лата, ненадејно почина, Советот на Општина Дебар на денешната редовна седница, за вршител на должноста градоначалник, со мнозинство гласови го избра Еуѓен Цами, советник од редовите на Алијасата за Албанците.

Ова се случи според претходен договор меѓу советниците на БЕСА и Алијанса за Албанците и со поддршка на двајца советници од ВМРО-ДПМНЕ. Во врска со оваа веднаш реагираа од ДУИ.

Се вчитува...

“За жал, поради предвремената смрт, Ружди Љата, не успеа да го заврши својот втор мандат и да ги реализира проектите за кои ја доби довербата. Граѓаните на општина Дебар, треба да бидат трпеливи до предвремените локални избори во оваа општина и повторно да изберат градоначалник по нивна волја и убедување, и да ја поразат создадената коалиција меѓу малите албански опозициски партии и ВМРО-ДПМНЕ„ се вели меѓу другото во реакцијата на ДУИ.

Извор: ТВ21