Македонија

Еве каде низ Македонија беснеат активни пожари

Еве каде низ Македонија беснеат активни пожари

Центарот за управување со кризи информира каде низ Македонија има активни пожари.

„Шумски пожар на м.в.Каменица во атарот на с.Будинарци, каде гори нискостеблеста дабова шума. Поради големиот пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци, од страна на ЕЛС Берово поднесено е барање за воздушна подршка (хеликоптер)“, велат од ЦУК.

Тие додаваат дека од 05:00 часот утрово, на пожарот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци интервенира хеликоптер како и екипи од ШС Малешево и ТППЕ Берово.

„Пожарот во атарот на с.Разловци, м.в.Ќурчински колиби, на планината Средна, каде гори сува трева и дабова шума е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Опожарени се околу 50 хектари, а на терен е екипа на ШС Голак“, се додава во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни