Еве како да ги избелите велигденските јајца: Техника која не ја разредува лушпата! (ВИДЕО)

Велигден се ближи, крајно време е да почнеме да размислуваме која техника на боење ќе ја употребиме оваа година.

За кое и да се одлучите, се препорачува претходно да го избелите јајцето за бојата да „фати“ подобро и бојата да биде поинтензивна.

Најдовме многу едноставен начин да го направиме тоа.

Ќе ви требаат:

  • Јајца
  • Вода
  • Оцет
  • Жица за садови

Постапка:

Јајцата се ставаат во вода да се варат. За да биде тврдо сварено, оставете го да се готви уште 7 минути откако ќе зоврие.

Потоа додадете оцет во водата и варете неколку минути, повремено отстранувајќи ја пената што се прави. Таа пена е всушност бојата што излегува од лушпата.

Потоа извадете ги јајцата и ставете ги под млаз вода. За целосно отстранување на бојата, поминете со жица преку нив.

Целата процедура можете да ја погледнете во видеото: