Свет
17,272,979
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
627
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
5,494
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15
Македонија
150,422
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 17:15 17:15

Еве како изгледа „маглев“ – воз што развива брзина од 600 км/ч

Кина вчера го претстави новиот брз воз со назив „Маглев“ (кратенка од магнетна левитација).

Според конструкторите, овој воз може да развие брзина од 600 километри на час.

Возот е целосно поизведен и развиен во крајбрежниот град Ќингдао во Кина, и моментално е најбрзото копнено возило во светот.

Овој тип на воз се движи лебдејќи над шините, односно користи магнети кои создаваат подигнување и потиснување.

Оваа технологија е користена скоро две децении од страна на Кина, но во многу ограничена мерка.

Во моментов само Шангај има „маглев“ што поврзува еден од аеродромите со градот. Досега во Кина нема маглев линии на долги растојанија, но некои градови, вклучувајќи ги Шангај и Ченгду, почнаа со истражувања и во таа насока.

Со оваа брзина на возот би му требале само 2,5 часа за да поврзе градови кои би биле на растојание од 1.000 километри.

За споредба, патувањето со авион трае три часа, а со обичен брз воз – 5,5 часа.

Возовите „Маглев“ се иднината и, многу земји – од Јапонија до Германија, планираат да градат железнички „маглев“ мрежи. Но, тоа засега е попречено од високата цена на оваа технологија и несовпаѓањето со постојната инфраструктура.