Еве како изгледа сега некогашната победничката на „Идол“

Цвета Мајтановиќ од Нови Сад стана позната на домашната публика во 2003 година кога се натпреваруваше во „Идол“.

Во тоа време, таа ги воодушеви сите со својот моќен глас, а се истакна и со својот необичен стајлинг. На крајот, таа триумфираше, а подоцна го сними синглот „Нисам иста“, а потоа и албумот „Погледај у сутра“ кој беше снимен во Варшава.

Во 2008 година, Цвета се појави и на „Беовизија“ со бендот „Студио Алектик“ и песната „Над нас“ кога го освоија петтото место.

Иако нејзината љубов кон музиката е голема, Мајатовиќ одлучи да не го занемари ниту своето образование.

Така, таа магистрирала инженерство и менаџмент на Факултетот за технички науки во Нови Сад во областа на инженерството и медиумскиот менаџмент, а денес работи како истражувач на Универзитетот во Тренто во Италија.