Македонија

Еве како сопругата на Силвестер Сталоне го одржува своето витко тело

Џенифер Фавин има 53 години и три возрасни ќерки, совршена кожа и посакувана линија на телото, а сето тоа е поради следниве причини:

Таа се грижи за себе да си обезбеди сон за убавина:

„Знам дека 8 часа спиење е предизвик овие денови. Но, спијте колку што можете повеќе. Секој ден одвојувам 30 минути за да прочитам нешто или само да слушам музика. Понекогаш е доволно само да седам и да се соберам малку“.

Се грижи за пиењето вода:

„Водата е главната работа во нашата куќа. Сите се шетаме носејќи шишиња вода. Особено во текот на летото. Имам навика да си наполнам голема чаша вода и да пијам додека шетам низ куќата“.

Редовно трча:

„Сакам трчање или шетам низ населбата рано наутро додека сите спијат, или кога децата се на училиште. Повремено вежбам со тренер во теретана или кревам тегови дома. Знам дека е многу важно за мојата коски“

Секогаш носи крема за заштита од сонце:

„Каде и да одам, секогаш носам крема за сончање. Сакам да се осигурам дека сум заштитена!“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни