Центарот за управување со кризи направи краток пресек на состојба со активни пожари.
Струмица
Пожарот кај с.Фурка нема активно горење, пожарот е локализиран во 19.00ч. Останати се екипи на ДЗС, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува.
Охрид
Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино е се уште активен.
Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен.
Куманово
По дојава, за пожар во местото од Куманово на кај Скопје по стар пат, конкретно кај с.Никуштак. Известени се: ТППЕ Куманово, лицето за контакт со Општина Липково, и командирот на Полициска станица Матејче. Подетални информации ќе имаме по пристигнување на екипите на терен.
Кичево
Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во с. Другово, Кичевско, е запалена плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа. Од 20.45 часот ТППЕ Кичево со 2 пп возила и 8 пожарникари е на интервенција на пожарот.
Струмица
Пожар кај с.Доброшинци, гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот.