Денес и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни.
Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.