Еве какво време не очекува во следните денови

Денес и понатаму ќе има врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (локално ќе наврнат над 20 л/м2 дожд за 24 часа).

Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во вторник попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди.

Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе има врнежи од снег.

Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.