Еве кои пет легенди ќе настапат на полувремето на 56-тиот „Супербол“

Во центарот на вниманието на полувремето на идниот 56-ти, по ред „Супербол“ ќе бидат светски познатите музичари Д-р Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Бајџ и Кендрик Ламар.

Во соопштението од организаторите се вели дека ова ќе биде прв пат овие пет уметници да настапат заедно на сцената.

„Можноста да настапам на „Суперболот“ на полувреме, и тоа „во мојот двор“, ќе биде едно од најголемите возбудувања во мојата кариера, Благодарен сум им на Џеј-Зи, „Рок нејшн“, НФЛ и „Пепси“, како и на Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар што ми се придружија во она што ќе биде незаборавен културен миг“, изјави Д-р Дре.

Инаку, финалето во аметиканско рагби е закажано за 13 февруари идната година на стадионот „Софи“ во Инглвуд, Калифорнија.