Еве кои се добија награди на „Ем-ти-ви“

Доделувањето на наградите на „Ем-ти-ви“ оваа година се врати во вообичаениот формат и повторно се одржа во живо од „Центарот Баркли“ во Бруклин во присуство на публика.

Водителка овојпат беше Доџа Кет. Доделувањето на овие награди за видео и музика на Ем-ти-ви започна во 1984 година и постепено стана една од најпрестижните награди во музичката индустрија.

Во продолжение наградите:

  • „Видео на годината“: „Montero (Call Me By Your Name)” – Лил Нас Екс.
  • „Уметник на годината“: Џастин Бибер.
  • „Песна на годината“: „Drivers License” – Оливија Родриго.
  • „Најдобар нов изведувач“: Оливија Родриго.
  • „Поп-песна на годината“: „Рeaches” – Џастин Бибер, во соработка со Гивеон и Даниел Цезар.
  • „Хип-хоп песна на годината“: „Franchise” – Тревис Скот, со Јанг Таг и М.И.А.
  • „Алтернативна музика и песна на годината“: „My Ex’s Best Friend” – Машин ган Кели, со Блекбер.
  • „Ар-ен-би песна на годината“: „Leave the Door Open” – Бруно Марс.
  • „Најдобра кореографија”: „Treat People With Kindness” – Хери Стајлс.