Живот

Еве која беше најуспешна земја на Олимписките игри

Со свечена церемонија вчера завршија Олимписките игри кои се одржуваа во Токио, а ова беа првите кои се одвиваа во време на пандемија.

Иако беа одложени, сепак се одржаа една година подоцна од предвиденото.

Токму на овие игри САД и Американците освоија вкупно 113 медали во сите спортови, од кои 39 се златни, 41 сребро и 33 бронзи.

На второ место е секако Кина со 88 освоени медали (38 златни, 32 сребрени и 18 бронзи).

Домаќинот Јапонија заврши како третопласиран со вкупно 58 медали.

Нашата земја го заврши пласманот на 77 позиција со еден освоен медал во таеквондо. Сребрениот медал го освои Дејан Георгиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни