Еве која е земјата со најбавен интернет – и на кое место се наоѓа Македонија?

Туркменистан е рангирана како земја со најбавен интернет во светот, а на корисниците им треба речиси цел ден да преземат филм, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Во извештајот за брзината на широкопојасен интернет пристап во светот во 2021 година, веб-страницата cable.co.uk наведува дека Туркменистан, со брзина на Интернет од 0,50 мегабајти во секунда (Mbps), е најбавниот од 224 земји опфатени со анкета.

Беа потребни нешто повеќе од 22 часа и 34 минути за преземање на пет гигабајти.

Оваа бројка става изолирана земја во Централна Азија дури и зад земјите разурнати од војна како Јемен, Јужен Судан, Сомалија и Авганистан во однос на брзината на интернетот, покажа истражувањето.

Туркменската влада ја зајакна контролата на пристапот до информации во последниве години во обид да ги спречи пораките што доаѓаат од земјата за маките на луѓето. Во исто време, таа ги блокираше сите информации кои доаѓаат од странство во кои се критикуваат тамошните власти.

Во источна Европа, трите земји со најголема просечна брзина на интернет беа Унгарија, Романија и Словенија.

Најспориот интернет на Балканот е забележан во Северна Македонија, Албанија и Косово, објави британскиот сајт.

Веб-страницата, исто така, наведе дека списокот е направен по повеќе од 1,1 милијарда тестови за брзина спроведени во текот на 12 месеци, до 30 јули.

„Иако земјите на дното на листата сè уште страдаат од екстремно лоши брзини, бројките за 2021 година покажуваат дека ситуацијата се подобрува“, се вели на страницата.