Според пресметката на Германското здружение на даночни обврзници, познатата 67-годишна Ангела Меркел ќе зема пензија од околу 15.000 евра.
Според пишувањата, германската канцеларка ќе се повлече од политичкиот живот по парламентарните избори во септември.
Имено, пензијата се пресметува врз основа на платите што ги добивала како член на федералниот парламент, федерален министер и канцелар.
Како и сите поранешни канцелари и претседатели, Меркел ќе има право на официјална канцеларија, а државата ќе и плати и секретарка, двајца асистенти, дактилограф и возач.
Инаку, таа е канцелар на Германија од 2005 година, а во 2018 година поднесе оставка од челната позиција на Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и објави дека нема да се кандидира за петтиот канцеларски мандат.