Словенија донесе нов „Закон за сообраќајни правила на патиштата“, а истиот носи многу новини кој одат во корист на возачите во оваа земја.
Електрилчен тротинет отсега ќе може да се вози по коловоз, не само по велосипедски патеки.
Казните за брзо возење, во места каде ограничувањето е 50 км/час, со новиот закон се многу намалени, односно казната за прекорачивање на брзината до 10 км/час ќе биде 40 евра (во минатото 80 евра), додека пак прекорачување од 20 до 30 км/час наместо 250 евра, сега ќе се наплаќа 120 евра.
Интересно намалување има и кај поголемите прекорачувања, па така од 30 до 50 км/час наместо сегашните 1000 евра, ќе се наплаќа само 750 евра.
Најголемото внимание е насочено кон новата одредба со која е овозможено вртење на десно и на црвено светло, а општините добиле овластување на сообраќајниците да стават знак во облик на зелена стрелка за вртење десно, но секако во оваа ситуација возачот максимално мора да внимава со цел да се увери дека е безбедно тоа да се направи.
Сепак иако има некои казни кои се доста намалени, има и такви кои се и доста зголемени, па така за зборење на мобилен телефон наместо 150 евра, сега ќе платите казна од 250 евра. Исто така, зголемени се и казните за паркирање на место за инвалиди и тоа од 80 на 200 евра.