Еве за кои работи може да ви помогне солта

Иако честопати го користиме во исхраната, постојат и други работи каде добро би ви помогнала солта.

Еве кои се тие:

  • Солта спречува гниење на јаболката

Миење на јаболкото во солена вода ќе го забави нивното гниење. А се што треба да направите е во еден сад да ставите една чаша ладна вода и половина лажица сол.

Потоа додадете ги јаболките и оставете ги 10 минути. Потоа извадете ги и добро спакувајте ги, а подоцна пред употреба измијте ги со обична вода.

  • Го лади пијалакот

Овој интересен трик најмногу помага при организирање на забави, но и во случај кога ви се најавиле гости а вие немате ладен пијалок. Се што треба да направите е тоа во садот каде ќе се ладат пијалоците да додадете мраз и сол. По само 10 минути, вашите напитоци ќе бидат подготвени за освежување.

  • Ја чисти даската за сечкање

За да се ослободите од непријатните мириси од даската за сечкање храна, исчистете ја со сол. Солта се става на даската и лесно се трие со влажна крпа, а потоа даската се плакне со топла вода и малку средство за садови.

  • Ослободете се од мирисот на кромид од рацете

Измијте ги рацете и истријте ги со мешавина од сол и сок од лимон, а потоа повторно измијте ги со сапун и ќе се ослободите од непријатните мириси.

  • Вратете го сјајот на стаклото

Ако имате стаклена вазна, чинија или пак некоја чаша што го загубила својот сјај, солта го враќа нивниот првичен изглед. Неколку лажици сол се мешаат со две лажици оцет, додека не се добие погуста смеса. Тоа се нанесува на стаклениот сад и треба да отстои 20 минути, а потоа се четка и се плакне со топла вода