Еве зошто мачката го носи својот улов кај сопственикот

Доколку редовно ја пуштате вашата мачка надвор, веројатно досега таа ви го донела својот улов кога се враќа дома, а списанието Natural Communications открива зошто тие го прават тоа.

Имено, иако дома тие се мрзливи и само спијат и понекогаш малку си играат, сепак кога ќе се најдат во природа, тие целосно се препуштаат на својот ловечки нагон.

Добро познато ни е на сите дека тие се многу способни, паметни и вешти грабливци, а имаат и многу развиен ноќен вид и неверојатно брзи и умешни движења.

Токму ловот како вештина го учат од својата мајка, која им носи мртви животни, а подоцна може и полуживи за тие да ја „завршат“ работата, а кога ќе пораснат одат со неа на лов и на овој начин учат како да преживеат во дивината.

Познавачите набљудувајќи го тоа, заклучиле дека мачките им го носат уловот на сопствениците за тие да се нахранат, или да им се заблагодарат за грижата, а тој „подарок“ обично се мртви птици, глувци и други помали животни.