Жителите на Чегране, гостиварско во емисијата „Клик Плус-одаја“ се пожалија дека секој ден остануваат без електрична енергија.
Од ЕВН велат дека од 2015 до 2018 година, Електродистрибуција изготвила проект и мрежата била реконструирана и модернизирана, со што снабдувањето со електрична енергија било подобрено во Чегране.
Од ЕВН информираат дека за реконструкција на дистрибутивната мрежа во Чегране вложиле над 1 милион и 160 илјади евра. Како што велат, заменети се над 700 стари, со нови бетонски столбови, реконструирани се над 25 километри дистрибутивна мрежа, реконструирани се 16 трафостаници, а изградена е и една нова компактно бетонска трафостаница.