Македонија

ЕВН: Снабдувањето со електрична енергија во Грчец е нормализирано

„Снабдувањето со електрична енергија во С. Грчец е нормализирано. Санирани се дефектите и постигнат е начален договор да се продолжи со реконструкцијата на дистрибутивната мрежа. Ова е епилогот од разговорите кои утрово се одвиваа меѓу претставниците на с. Грчец и Електродистрибуција. Екипите се упатија на терен да ги санираат дефектите и добија ветување дека нема да бидат напаѓани и спречувани во работата.

Ова населено место беше подолг период без електрична енергија поради тежината на дефектот кој настана поради неконтролирана потрошувачка на електрична енергија, големиот број нелегални приклучоци и спречувањето на екипите на Електродистрибуција да ја завршат започнатата реконструкција на мрежата. Во конкретниот случај прекин на снабдувањето е настанато на далекуводот кој го напојува селото и во една од диструбутивните трансформаторски станици.

ЕВН и натаму е подготвена за решавање на проблемот и договор со корисниците со цел комплетно реализирање на проектот за реконструкција на мрежата со што ваквите дефекти ќе бидат минато, а ќе се воведе ред во снабдувањето и наплатата на сметките за потрошена електрична енергија. “

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни