Свет

Европа и Германија се подготвуваат за студените месеци

Европа се подготвува за тешка зима. Во Германија се враќа ископот на јаглен, а Франција изрази подготвеност да му обезбеди гас на источниот сосед доколку е потребно.

Наспроти ова, Европската комисија побара плафон за цените на рускиот гас. За ова прашање ќе се разговара на состанокот на министрите за енергетика во петок.

„Нам, во Германија, ни треба енергија, ни треба енергија во Европа, а веќе има дефицит. Не мислам дали луѓето треба да живеат во ладни домови“, вели жител на земјата.

Германија истовремено се соочува со зголемување на цените на енергенсите и со потребата да се намали зависноста од рускиот гас. Но, враќањето на јагленот е чекор од кој локалните жители се незадоволни.

„Оваа одлука е глупава. Донесена е од луѓе кои го користат фактот дека населението во Германија се плаши дека нема да има струја, што не е точно“, коментира друг Германец.

Наместо да биде затворена како што беше предвидено, термоцентралата во германскиот град Бексбек повторно ќе профункционира. Тој е еден од многуте вратени во употреба за да помогне во надминување на енергетската криза предизвикана од намалените резерви на руски гас.

Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција е подготвена да и обезбеди гас на Германија доколку е потребно. Соопштението дојде откако Макрон имаше телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни