Европа и натаму е жариште на епидемијата на Ковид-19 во последните седум дена, и покрај стабилизацијата на новите случаи на заразени. Со 284 000 новозаразени на ден, Европа е на првото место во светот, далеку пред САД и Канада со 137.000 на ден.
Но, бројот на нови инфекции е речиси стабилизиран во Европа бидејќи многу земји воведоа полициски час или локдаун, а број новозаразени нагло се зголемува во Северна Америка.
Трендот на забрзано ширење на Ковид-19 е забележлив во речиси сите делови на светот. Пандемијата однесе најмалку 1,3 милиони животи ширум светот од декември 2019 година, а потврдени се повеќе од 52,7 милиони заразени.
САД сè уште имаат најголем број на смртни случаи, следени од Бразил и Индија.
.
