Земјите членки на ЕУ мораат да ги наполнат залихите на гас до 90 отсто до 1 ноември 2023, соопшти Европската Комисија.
Во пресрет на идната зима која се очекува да биде потешка и покритична од оваа поради војната на Русија во Украина и санкциите на ЕУ, Европската Комисија денеска ги објави целите што треба земјите на ЕУ да ги постигнат за да бидат подготвени за зимата 2023-2024, и да обезбедат доволно гас.
Согласно правилата земјите членки имаат до 1 ноември 2023 да ги наполнат своите залихи на гас за 90 отсто.
Еврокомесарката за енергија, Кадри Симсон, изјави дека е “клучно да се подготвиме веќе сега за идната зима.“
-Мора да го минимизираме импактот на руските манипулации и можните пикови на побарувачка поради времето и глобалните пазарни услови, рече Симсон.
Овие цели се основаат на предлозите подготвени од самите земји членки поднесени во септември.